Во Новатон, фокусот на заштита на човековата околина е повеќе од обична изјава. Ние сме перфекционисти кога станува збор за ПЕЧАТЕНИ МЕДИУМИ добиени во услови на имплементирани деловни процеси кои имаат за цел заштита на човековата околина и намалување на нивото на емисија на штетни гасови.
Поттикнати од страста и идејата-водилка според која нашата работа треба и мора да креира одржлива околина за нашите наследници,
посветени сме на воспоставување прагматични, чесни, прецизни, структурни и темелни бизнис-практики.
Од таа причина ги охрабруваме и нашите партнери да ги прифатат и применат споменатите методи при реализација на
деловните активности. На тој начин взаемно придонесуваме за заеднички напредок и зголемување на продуктивноста на
одговорен и одржлив начин.
Новатон нуди иновативни решенија за успешна бизнис-промоција, дигитален маркетинг, маркетинг на социјални мрежи, дизајн и изработка на веб-страни и низа дополнителни услуги и алатки за зајакнување на имиџот и видливоста на вашата фирма на локалниот и глобален онлајн пазар.
Нашата фирма применува персонализиран пристап при градењето на брендот и препознатливоста, базиран на ефикасни дигитални стратегии и
употреба на најнови алатки за нивно спроведување.
Нашата аналитичка експертиза и следењето на најновите трендови во дигиталниот маркетинг ќе го зацврстат Вашиот бизнис и ќе Ви помогнат
да ги остварите зацртаните оперативни цели.
Контактирајте нè веднаш и истражете ги можностите кои Ви ги нуди Новатон.
Групацијата се состои од 20+ водечки компании во Југоисточна Европа, со портфолио на производи и услуги „избрусено“ низ 20-годишното работење во браншата.
Дриблинзи, додавања, поврзување и вмрежување е во сржта на нашата ДНК. Ова е начинот на кој Новатон ги расчленува
комплицираните барања од клиентите, вклучувајќи ги и оние без значително техничко познавање и искуство во индустријата.
Нашата работа се состои од сеопфатна анализа на Вашите барања за продукт фотографија, при-прес, офсет, дигитално и флексибилно печатење,
промотивни производи и дигитален маркетинг, како и нивна реализација со нашите сертифицирани партнери.
Мониторингот на целокупниот процес на производство, контролата на квалитетот и логистичката поддршка се целосно загарантирани,
како што е загарантирана и Вашата сигурност дека изведбата на конкретниот проект ќе биде во рамките на планираниот буџет.
2021 © Новатон|Мапа на сајтот|Политика за приватност
