Политика за приватност

Последно ажурирано: 01-06-2021

НОВАТОН ("ние" или "наш/-а") го води https://www.novatonegroup.com ("веб-страница" / "веб-сајт"). Во секцијата "Политика за приватност" може да се информирате за нашите политики во врска со собирање, користење и обелоденување лични информации што ги добиваме од корисниците на веб-страницата.

Ние ги користиме вашите лични информации само за целите на функционирање и подобрување на содржината на веб-страницата. Со користење на веб-страницата, вие се согласувате за собирање и користење информации во согласност со оваа политика за приватност.

Собирање и употреба на информации

Додека ја користите нашата веб-страница, од вас може да побараме да ни дадете одредени податоци за лично препознавање кои можат да бидат искористени за контакт или идентификација. Информациите за лично препознавање може да го вклучуваат, но не се ограничени на вашето име ("Лични информации").

Податоци врзани за сесија

Како и многу оператори на веб-страници, и ние собираме информации што вашиот прелистувач ги праќа секогаш кога ќе ја посетите нашата веб-страница ("Податоци за сесија").

Овие податоци може да вклучуваат информации како што се адреса на интернет-протокол на вашиот компјутер ("IP"), вид на прелистувач, верзија на прелистувач, секции од нашата веб-страница што ги посетувате, време и датум на посета, време поминато на одредени секции и друга статистика.

Ние користиме услуги обезбедни од следниве трети страни: Google Analytics и Statcounter, кои собираат, следат и анализираат статистички податоци за целите наведени во горниот став.

Ние не користиме податоци врзани за сесија за каква било комуникација и/или цели надвор од статистичкиот домен.

Колачиња (Cookies)

Колачињата се датотеки со мало количество податоци, кои може да вклучуваат анонимен уникатен идентификатор. Веб-страницата ги праќа колачињата до вашиот прелистувач и тие се чуваат на хард-дискот на вашиот компјутер.

Како и многу страници, и ние користиме „колачиња“ за собирање на информациите опишани погоре. Може да му наложите на вашиот прелистувач да ги одбие сите колачиња или да посочува кога да се праќа колаче. Меѓутоа, доколку не ги прифаќате колачињата, можеби нема да бидете во состојба да користите одредени секции од нашата веб-страница.

Безбедност

Безбедноста на вашите лични информации е важна за нас, но запомнете дека не постои метод за пренос на податоци преку интернет или метод за електронско складирање кој е 100% безбеден. Иако се трудиме да користиме комерцијално прифатливи решенија за заштита на вашите лични информации, не може да ја гарантираме нивната апсолутна безбедност.

Измени на политика за приватност

Оваа политика за приватност е во сила од 01.06.2021 година и ќе остане во сила до евентуални измени во нејзините одредби, кои ќе стапат во сила веднаш по нивното објавување на оваа веб-страница.

Го задржуваме правото да ја ажурираме или да ја менуваме нашата политика за приватност во кое било време и треба периодично да ја проверувате содржината на истата. Вашето континуирано користење на оваа веб-страница по извршена објава за какви било измени во политиката за приватност ќе се смета за ваша потврда за информираност за измените и ваша согласност дека се придржувате кон одредбите од изменетата политика за приватност.

Во случај на какви било материјални измени во оваа Политика за приватност, ќе ве известиме преку јасно истакнато известување на нашата веб-страница.

Контакт информации

Доколку имате какви било прашања во врска со оваа политика за приватност, ве молиме контактирајте нè.