Кога го започнавме нашиот продор во браншата, се чувствувавме непобедливо. Но, брзо ни стана јасно
дека за одредени предизвици ни е потребна помош од докажани професионалци. Тие понудија синергија, го надополнија нашето знаење
и ни го олеснија патувањето.
По 20 години, Новатон стои цврсто на земја, нудејќи го своето знаење и стотина потенцијални контакти
неопходни за пребродување на Вашите предизвици во изборот на производна технологија, развој на процеси, набавка на материјали,
како и за подобрување на целокупниот квалитет на Вашата работа.
Нашите консултантски услуги во делот на печатење и дигитален маркетинг се скроени на начин што ќе му овозможи на Вашиот бизнис да
ги постигне очекуваните резултати. Нашите консултанти ќе работат рамо до рамо со Вас за подобро разбирање на Вашиот пазар,
организација и клиентела.
Од заедничката експертиза ќе се изродат детални предлози кои понатаму ќе бидат разработени во најоптимално решение за Вашата фирма.