Имате потреба од печатени материјали за маркетинг и промотивни цели во офсет, дигитална, флексо или друга технологија?
Немате графичка подготовка, техничко познавање или идеја каде да печатите?
Новатон е компанија специјализирана за МЕНАЏМЕНТ НА ПЕЧАТЕЊЕ, којашто ги сублимира сите Ваши потреби за промотивни печатени
материјали и раководи со целокупниот процес на изработка на истите. Со нас Вашиот маркетинг микс ќе добие на квалитет!
Проверено!
Без оглед на Вашата бранша, повеќе не мора да трошите време за пронаоѓање на вистинскиот партнер за печатење!
Нашиот МЕНАЏМЕНТ НА ПЕЧАТЕЊЕ се базира на јасно дефиниран пристап, неопходен за постигнување на очекуваните резултати:
најпрвин воспоставуваме прецизно утврдени стандарди за реализација на финалниот производ.
Контролата на квалитетот се заснова на нашето долгогодишно искуство во оптимизирање на работните текови и
процеси. Сето ова резултира со висококвалитетна изработка и намалени трошоци за Вашата компанија.