"Постојат три одговори за еден дизајн: да, не и WOW! Нормално дека треба да стремиме кон WOW.
" – Милтон Глејзер.
За да се добие "WOW" и комплексен баланс потребен за квалитетен дизајн, ние ги здружуваме енергијата, страста и
креативните вештини на нашите дизајнери, илустратори и визуелни уметници.
Без оглед на намената на графиката, анимацијата или видеото, тука сме да Ви помогнеме да го направите
вистинскиот избор.
Контактирајте нè да поразговараме за Вашиот проект!
Новатон создава графички дизајн и илустрации за директна употреба во најразлични бранши.
Нашата работа се темели на внимателно обмислување на детали, експертиза за мали и големи производни серии,
конзистентност на квалитетот и широк спектар на изведбени можности: од изготвување едноставен графички производ
до создавање целосен концепт со високо ниво на комплексност. Негуваме ефикасна соработка помеѓу креативниот и
техничкиот свет, создавајќи хармонија помеѓу дизајнерите и печатниците на задоволство на нашите клиенти.