Дигиталните медиуми се неизбежен дел од секој маркетинг микс: од дизајн и изработка на веб-страници, SEO
(оптимизација при пребарување), до маркетинг на социјални мрежи и дигитална трансформација. Сите овие алатки Новатон ги комбинира
и вметнува во ЕДИНСТВЕН пакет. Просто сакаме анализи и умствени игри кои имаат за цел зајакнување на
препознатливоста и визибилитетот на Вашиот бренд во дигиталниот простор, успешна промоција и
поголема посетеност на вашата веб-страница и социјални мрежи.
Откако ќе утврдиме што е потребно за да го придвижиме Вашиот бизнис, веднаш нудиме "мотивациски" коктел
дозиран по Ваша мерка, со неколку клучни состојки: изработка на веб-страници, креирање и управување со содржината, е-маил и
дигитален маркетинг. Коктелот го освежуваме со малку повеќе аналитика исцедена од бази на податоци за да се осигураме
дека го добивате токму вкусот што го барате.
За крај и една тура од куќата...Може?